ДЕНЕС ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БИТОЛА „УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ ЗА ПРВАЧИЊАТА

Сподели го ова:





























Денеска во 10:00 часот во Градскиот парк ќе се одржи забавен настан за првачињата од основните училишта во Битола.

Возење со „Мечо“, дружење со ЗАГИ, училишни точки, подароци, сето ова и годинава по повод почетокот на новата учебна година за нашите првачиња.

Општина Битола во соработка со ЈП „Паркинзи“ и поддржувачите на настанот Зоолошка градина, Културно Информативен центар, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Црвен Крст, АМД „Ѓорѓи Наумов“, „БиМилк“ и „Пелистерка“ со голема радост ги покануваат првачињата на втората „ Училишна приказна “.

Нека овој ден биде ден на кој ќе ги славиме првите училишни чекори и радоста на новите другарства.




Сподели го ова:

Слични објави