Од прилепската Гимназија до престижен универзитет во Канада: Запознајте ја Ивана Атанасоска, првенец на генерацијата

Сподели го ова:





























Ивана Атанасоска – првенец на генерацијата 2022-2026, во Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп

Основното образование го заврши во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, средното образование во нашата Гимназија „Мирче Ацев“.

Со посветеност, истрајност, одговорност и искрена љубов кон знаењето го постигна својот највисок успех, да биде избрана за првенец на генерацијата.Од самиот почеток на гимназиското образование, Ивана успешно се вклучи во повеќе училишни активности сите 4 години, а учествувајќи на повеќе натпревари, на сите нивоа, почна да нижи успеси и да собира награди по физика, англиски јазик, биологија, македонски јазик и литература, географија…

Најголеми нејзини успеси се освојувањето на два бронзени медала на 17-тата Светска олимпијада по геонауки IESO2024, која се одржа во Пекинг, Кина, а секако и добивањето на најпрестижната градска Третоноемвриска награда во 2024 год. Низ целиот свој гимназиски период, Ивана се истакнуваше со одличен успех, активно учество во училишниот живот и примерен однос кон своите наставници и соученици.

Покрај училишните активности и успеси, Ивана наоѓа време да го негува македонскиот фолклор. Таа е член на КУД „Мирче Ацев“ Прилеп од 2012 година и низ народните ора, музика, песни и носии, го чува македонскиот идентитет и ја претставува Македонија во светот. Нејзината желба постојано да учи, да напредува и да ги надминува предизвиците ја направи вистински пример за својата генерација.

Титулата првенец на генерацијата не е само признание за постигнатите оценки, туку и потврда за нејзиниот карактер, труд и истрајност.

Ивана покажа дека вистинскиот успех се гради со упорност, дисциплина и верба во сопствените можности.

Своето високо образование ќе го продолжи на еден од престижните универзитети во Канада, каде ќе студира во областа на физиката.На Ивана ѝ посакуваме нејзиниот досегашен успех да биде само почеток на едно уште посветло патување.

Нека знаењето, амбицијата и храброста секогаш ја водат кон нови достигнувања.

Честитки, Ивана и со гордост продолжи да чекориш кон своите соништа! – стои во објавата на Гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави