После настапите во Скопје и Битола, “Весел театар by BALADA” со настапи на Велешко културно лето

Сподели го ова:





























Весел театар by BALADA, летово покрај своите гостувања на сцените во Охрид, Битола и Скопје, овој месец ќе биде дел од официјалната програма на Велешко културно лето со две нивни претстави на 27 и 31 август, а настанот е поддржан од Општина Велес.

Весел театар – Прилеп настапува низ цела наша земја. Зошто е тоа така? Бидејќи публиката постојано ги бара бидејќи преку ликовите од нивните претстави, актерите директно ги вклучуваа децата во сцените, ги поттикнуваа да учествуваат, да реагираат, да одговараат прашања и да носат свои одлуки во текот на претставата. На овој начин, децата стануваа активни учесници, а не само пасивни набљудувачи! Покрај забавата, претставата пренесува важни пораки за семејството, за детската храброст, снаодливоста, слогата…Оваа интерактивна форма на театар им помага на децата да ги разберат своите права, вклучувајќи го и правото на учество во културни и уметнички активности, и им овозможува да се чувствуваат значајни и слушнати!На ваков начин, претставите од „Весел Театар” ги пренесуваат суштинските пораки и креираат еден интерактивен културен простор за сите генерации.

Одиграната претстава во Охрид уште повеќе ги зближи децата со актерите, поттикнувајќи ги да учат, да се забавуваат и да развиваат љубов кон театарот и културата уште од најрана возраст. Како и секогаш на местата каде што настапува „Весел театар”, така и во Охрид за време на самата претстава имаше расположени детски срца и уште позадоволни родители, бидејќи кога децата се среќни, родителите се уште посреќни!Весел театар – познат детски бренд благодарение на своите квалитет и креативност, годишно има над 150 настапи низ цела Македонија (театарски сали, центри за култура, градинки, трговски центри и молови, корпоративни забави…).„Весел театар” е театарски тим во кој се вклучени: професионални костимографи, 4 педагошки лица кои работат при изработка на сценариото на претставите, а песните за детските музички претстави се снимаат во професионално музичко студио. Зад музичката обработка на театарските песни стои докажан музички тим: Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата МЕМОРИЈА, докажан тандем кој во последниве години во етер има пуштено над 120 детски музички песни за фестивали, мјузикли за деца и театарски претстави.




Сподели го ова:

Слични објави