Чонески: Влашката култура, јазик и традиција претставуваат значаен дел од нашето заедничко историско и културно наследство
Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, со особена чест присуствуваше на одбележувањето на Денот на влашката култура и традиција, кој традиционално се одржа во рамките на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.
“Крушево е град на соживот, меѓусебна почит и културна разновидност. Влашката култура, јазик и традиција претставуваат значаен дел од нашето заедничко историско и културно наследство, кое сме должни да го чуваме и пренесуваме на идните генерации.
Свеченоста беше збогатена со настапите на двете познати пејачки групи „Армʼњи Пирифањи“ и „Грамостеањ“, како и со изложбата на реномираниот уметник Атанас Нашоку, кои уште еднаш го потврдија богатството и автентичноста на влашката култура и традиција.
Општина Крушево и понатаму ќе биде искрен поддржувач на сите иницијативи што придонесуваат за зачувување и афирмација на културните вредности на сите заедници.
Упатувам искрени честитки до организаторите за успешната реализација на овој значаен настан и благодарност до сите учесници кои придонесоа за достоинствено одбележување на Денот на влашката култура и традиција” – истакна градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.


















