Почина легендарниот Стојан Здравевски – Столе од битолската група “Боеми”

Сподели го ова:





























Почина Стојан Здравевски – Столе, член на познатата музичка група „Боеми“ од Битола, на 63 годишна возраст.

“Почитувани пријатели,

со неизмерна тага ја споделуваме веста дека нè напушти нашиот Столе.

Замина нашиот долгогодишен другар, музичар и дел од семејството на групата Боеми. Зад себе остави безброј спомени, песни, настапи и моменти кои засекогаш ќе останат во нашите срца.

Столе, ти благодариме за сè што поминавме заедно – за пријателството, хуморот, насмевките и музиката што ја споделувавме низ годините.

Почивај во мир, Столе. Никогаш нема да бидеш заборавен. Нека ти е светол патот до вечноста!

Твоите Боеми” – стои во објавата на битолската група “Боеми”.




Сподели го ова:

Слични објави