Чонески соопшти убава вест: Водата во Крушево е здравствено исправна, безбедна за пиење и ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет

Сподели го ова:





























Ве известуваме дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од јавниот водовод во Општина Крушево е здравствено исправна, безбедна за пиење и ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет.

“Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање, а во изминатиот период континуирано се вршеа контроли и лабораториски анализи за следење на квалитетот на водата.

Добиените резултати потврдуваат дека водата од јавниот водовод е целосно безбедна и може непречено да се користи за пиење, подготовка на храна, лична хигиена и сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања.

Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие остануваат посветени на обезбедување сигурно и квалитетно водоснабдување и ќе продолжат со редовен мониторинг на системот, во соработка со надлежните институции, со цел да се гарантира здравствено исправна вода за сите граѓани.

🙏 Им благодариме на сите граѓани за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период” – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави