ВИДЕО: ООУ “Климент Охридски”- Прилеп доби ново, непроценливо ремек-дело кое ќе го разубавува училишниот простор
Надворешниот ѕид на ООУ Климент Охридски од Прилеп си доби ново, непроценливо ремек-дело кое ќе го разубавува училишниот простор и ќе инспирира уште многу идни генерации.
“Уметноста има моќ да го промени просторот, но кога е создадена со љубов на самиот влез и лице на училиштето, таа го менува срцето на целата заедница.
Да потсетиме дека ова е веќе втора благородна донација од наставникот Влатко Николоски — по неговото трогателно дело „Капка солза“, посветено на децата со посебни образовни потреби. Со ова, тој уште еднаш покажа дека вистинскиот просветител не предава само од учебник, туку гради вредности, буди емпатија и остава траен белег.
Упатуваме огромна благодарност до Влатко за неговиот несебичен труд, визијата и за сите убави приказни што ги преточува во бои за нашето училиште!
Искрено ти благодариме Влатко!” – порача директорот на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, Ахил Јаков.


















