Уште еден светски настан во Битола! Денес започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови

Сподели го ова:





























ДЕНЕС започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни Илинденски денови 🔴

Најдолгото издание во историјата на фестивалот започнува со музички спектакл што ја поврзува Кина со Македонија.

За првпат во Битола гостува Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина 🇨🇳симфониски оркестар основан во 2015 година, кој за кратко време се вброи меѓу најзначајните нови оркестри во Кина. Под уметничко водство на реномирани диригенти и соработка со врвни солисти од светот, оркестарот настапува на престижни концертни сцени во Европа и Азија, изведувајќи дела од Бетовен, Малер, Брамс, Шостакович, Вагнер и најзначајните современи кинески композитори.

🎼 14 јули | 20:00 часот

📍 НУ Центар за култура – Битола

🎟 Билети во продажба: 100 денари

Со овој концерт започнуваат осумнаесет фестивалски денови исполнети со музика, фолклор, традиција и средби меѓу култури од целиот свет.

Ве очекуваме заедно да ги отвориме 56. Илинденски денови, таму каде што започнуваат новите точки на поврзување.




Сподели го ова:

Слични објави