Мицкоски: Догодина ова време ги очекувам првите 10 км од автопатот Прилеп – Битола – истите да бидат пуштени во двете насоки

Сподели го ова:





























Премиерот Мицкоски, во гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител истакна дека догодина ова време ги очекува да бидат готови првите десет километри од автопатот Прилеп – Битола да бидат пуштени во двете насоки

Ако сакате да збориме за инфраструктура, 6 автопати, во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на Блаце – Скопје конечно автопат кој што го чекаат граѓаните со децении, кој што го доби македонска компанија. А многу наскоро ќе биде завршен и процесот на Букојчани – Кичево, догодина ова време ќе треба да го користиме автопатот Кичево – Охрид. Исто така догодина ова време ги очекувам првите десет километри од автопатот Прилеп – Битола да бидат пуштени во двете насоки и во полн ек да биде изработката на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани. Така што за прв пат сега се случува да ние имаме во еден момент шест автопатски делници кои се работата. Во 2024 година 16 милиони килограми тутун, 2025 година 26 милиони килограми тутун. Грозјето 2024 година 70 милиони килограми, 2025 година 120 – 130 милиони килограми. Празни акумулации август 2024 година 8 проценти, денеска се 80 проценти. Три неисплатени плати во Национални шуми и Водостопанство, денес се исплаќа се по ред” – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави