Коњановски во Битола беше дел од завршната конференција на проектот „Никој зад“ чија главна цел е да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот
Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на завршната конференција на проектот „Никој зад“ чија главна цел е да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот, поддршка на одржлива спортска политика, како и обезбедување секторска соработка за подигање на свеста за придонесот што спортот може да го даде.
Координатор на проектот е Центарот за активни млади – Битола во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија.
“Преку овој проект за спорт без бариери се реализираа обуки насочени кон вклучување на деца со помалку можности, обука за тренери и истите беа насочени кон создавање можности за размена на најдобри практики, градење компетенции и поттикнување на иновативни идеи во врска со мерките за инклузија.
Радува фактот што кон ова ќе придонесе и Прирачникот кој оваа организација го подготви, а ќе биде како ресурс за идни тренери и спортски организации.
Организаторот на настанот истакна дека преку него сакаат да понудат лесно достапни рекреативни активности за деца и лица со попреченост, активности што ги охрабруваат да бидат активни и што внесуваат повеќе спорт и вежбање во нивното слободно време и дневна рутина. Целта е да се создаде трајно позитивно влијание врз заедниците и земјите каде што ќе се одвива проектот, со демонстрирање на колективна солидарност, емпатија и поддршка за луѓето што живеат таму.
Проектот ќе придонесе за развој на социјално инклузивен свет, со фер распределба на ресурсите и правата.
Во моето обраќање ги споменав и јавните повици кои ги има објавено Општина Битола како тој за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.
Преку програмата за спорт беше објавен јавен повик за поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат и деца од ранливи категории.
Врз основа на Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година, Општина Битола објави и јавен повик за ангажирање на консултант за изработка на Студија за состојбите, трендовите и потребите на лицата со попреченост и аутистичен спектар во Општина Битола.
Исто така имавме и повик за обука на лични асистенти и негователи, како и за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попречености и за поддршка на лица со ретки болести.
Објавен беше и јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола за поддршка на проекти за млади за 2026 година” – истакна Коњановски.
















