Чонески со порака до СДСМ: Ако образот ви беше важен, немаше да се распродадат националните интереси за да се збогати една мала група на луѓе
Крушевскиот градоначалник Нико Чонески, преку објава на социјалните мрежи реагираше на изјавите на СДСМ, при што истакна:
“Ако образот беше важен за ова раководство на СДС немаше да се распродадат националните интереси за да се збогати една мала група на луѓе што се уште ја држи таа партија во заложништво. Немаше да се случи општ грабеш како на централно така и на локално ниво. Нам не радува фактот што се повеќе граѓани вклучувајќи и советници во советот на Општина Крушево ја препознаваат деструктивната политика на СДС наспроти чесниот, домаќински и добронамерен пристап на новото општинско раководство. Дел ни се приклучија, а добар дел размислуваат да ни се приклучат мотивирани токму од овие побуди. Времето кога се поддржуваа личности кои мислеа само на свое лично богатење,проценти и рекет и зголемување на бројот на градови каде поседуваат станови вешто затскривајќи се позади идеологија и партија заврши” – истакна Чонески.
















