УТРЕВЕЧЕР ВО БИТОЛА НАТПРЕВАР КОЈ ЗА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ИСТОРИСКИ
Женската фудбалска репрезентација го игра одлучувачкиот натпревар во европската зона квалификации за Светското првенство. Битола и стадионот „Петар Милошевски“ ќе бидат терен на натпревар кој може да стане историски.
По пет одиграни натпревари, Македонија се наоѓа на третата позиција во групата со шест освоени бода. На врвот е Унгарија со 13 бодови, пред Азербејџан кој има девет. Победа може да ни донесе историски резултат и продолжување на надежите во овој квалификациски циклус.
Утре со почеток во 19:00 се игра клучниот квалификациски натпревар помеѓу женските репрезентации на Македонија и Азербејџан. Поддршката на нашите девојки им е потребна и Битола знае како да одговори на предизвикот.
Влезот е слободен.


















