Гест за почит! Кире Михаилов веднаш после успешната “Црешијада”, ги посети дечињата од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид, како и децата од ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје

Сподели го ова:





























Како што информиравме пред некој ден, во неделата во убавата Вељуса, за првпат се одржа манифестацијата „Црешијада“, настан кој ја слави традицијата, вкусот и препознатливиот квалитет на вељушките цреши. Посетителите меѓу кои беа и членови на Советот на општина Струмица, уживаа во богатата културна програма и разновидните специјалитети од ,,вељушките цреши” подготвени од локалните производители. Реки од народ имаше на првата “Црешијада” во убавата Вељуса, а Кире Михаилов уште еднаш си достои на зборот – го обедини Македонскиот народ и Македонската традиција во едно! Имено, Михаилов не ги заборави и неговите верни другари од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид, како и децата од ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје, при што денеска ги посети со слатки тостерки и крофнички кои беа зачинети со преубавите вељушки цреши, а воедно токму пред нив вети дека наредната Црешијада, овие ангелчиња ќе му бидат драги гости во неговата Вељуса.

Првата ЦРЕШИЈАДА заврши како настан за паметење и од тоа сум премногу исполнет и среќен, но, уште повеќе сум среќен денеска затоа што моите прекрасни другарчиња од ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје ми ги АРЕСАА црешите. Денеска, на овие прекрасни ангелчиња им донесов слатки тостерки и крофнички зачинети со преубавите вељушки цреши.

🍒 Јадевме, се сладевме и се веселевме. Она кое што можам да го ветам за наредната ЦРЕШИЈАДА во 2027 година е тоа дека сите дечиња од овие две за мене посебно драги училишта, наредната година, од прво до последно детенце, ќе ми бидат гости во мојата Вељуса во струмичко и таму директно од дрвата ќе си јадат цреши колку што им душа сака. Знаете дека ветувањата кои ги давам ги исполнувам, а ова ќе биде едно од тие исполнети ветувања исто како што во 2024 година лично ветив одржување на ЦРЕШИЈАДА за која што не само сте сведоци дека се одржа, туку за тоа дека излезе настан за паметење со сите нишаниистакна Кире Михаилов, човекот кој што секогаш се бори за уште поубава Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави