Денес републичката комисија за спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп спроведе хуманитарна акција
Денес републичката комисија за спорт при УМС во Прилеп спроведе хуманитарна акција каде што се донираше спортска опрема на лице кое е активен и млад спортист, а истата таа опрема му е потребна за извршување на спортските активности и тренинзи. Комисијата за спорт при УМС секогаш е на страната на спортот и секогаш ќе излегува во пресрет на младите спортисти. Со овој мал гест сакаме да упатиме апел до сите спортисти и сите граѓани да бидат хумани и солидарни.Спортот почива на начелата на фер игра, хуманост и солидарност.Да бидеме вистински спортисти!-истакнуваат од Комисијата за спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп




















