Погледнете! Прилепските матуранти со песни и ора славеа во центарот на Прилеп

Сподели го ова:





























Денеска голем дел од матурантите од прилепските средни училишта, се собраа во центарот на Прилеп каде со музика во живо славеа во централното градско подрачје.

Матурантите со песни и ора ја прославија својата зрелост на прилепскиот плоштад, а со самото тоа ја продолжија повеќегодишната традиција каде матурантите секоја година прославуват на прилепскиот плоштад. Денешниот ден беше исполнет со радост и емоции, како од матурантите, така и од нивните родители и пријатели.

Честитки до сите матуранти! Ве испраќаме гордо и со верба во вашата успешна иднина, затоа што вие сте генерација со сила, талент, сила и моќ која може да гради цврсти темели во ова наше општество.

Честитки уште еднаш, и бидете и понатаму весели како што сте денес, но и жедни за борба, бидејќи животот без борба е само празен успех без покритие.




Сподели го ова:

Слични објави