ВИДЕО: Даниела Перканоска и оваа година е дел од најуспешните жени менаџерки на „Марили бизнис клубот“
Генералниот менаџер на “Авто Контрол” Даниела Перканоска, повторно е дел од најуспешните жени менаџерки на „Марили бизнис клубот“. Годинава, агенцијата „Марили“ 30-та година по ред ги награди најуспешните жени менаџери од Македонија. Манифестација се одржа во Хотелот DoubleTree by Hilton – Скопје.
“Со голема чест и благодарност ја примив наградата на 30-тата јубилејна манифестација за најуспешни жени менаџери, за континуирано успешно менаџирање и траен придонес во македонската економија.
Ова признание не е само мое — тоа е резултат на посветената работа, довербата и поддршката што секојдневно ја добивам.
Посебна благодарност до мојот тим во Авто Контрол, кој е столбот на секој наш успех, до моето семејство посебно моите ќерки — мојата најголема инспирација и сила, како и до сите наши клиенти и соработници за довербата и лојалноста низ годините.
Продолжуваме посветено, одговорно и со визија за уште поголеми успеси.
Благодарам од срцe” – порача Перканоска.


















