Јане Ченто денеска поднесува кривична пријава против поранешен јавен обвинител
За денеска во 12 часот е закажана прес-конференција пред Основното јавно обвинителство, која ќе ја одржи Јане Ченто. На оваа прес конференција ќе биде информира јавноста за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител, а воедно изнесени ќе бидат аргументи и детали поврзани со настаните од 27 април.
-Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се истакнува во најавата.
Јане Ченто наведува дека сето ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности, кои се поврзани со судскиот процес за 27 април.


















