Проданоски: „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“
Денеска во центарот на Прилеп се одржа прекрасен настан – „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, каде присутните имаа можност да уживаат во прекрасни изведби, креативни точки и извонредни настапи на учениците, кои уште еднаш покажаа колку талент, енергија и љубов носат во себе. Настанот беше вистински празник на францускиот јазик, културата и заедништвото.

“Искрена благодарност до сите учесници, наставници и организатори за нивната посветеност, како и до сите присутни кои со своето присуство го збогатија овој настан. Посебна благодарност упатувам до амбасадорот Кристоф Ле Риголер, претставниците на Францускиот институт, како и до училиштата од Битола и Кривогаштани за нивната поддршка и придонес.
Горди сме што Прилеп е дел од оваа убава приказна која ги поврзува луѓето преку јазикот, културата и пријателството.
Продолжуваме да вложуваме во младите и во вредностите што не обединуваат” – порача Проданоски.


















