Коњановски: Со пожарникарите од ТППЕ – Битола потпишавме спогодба за решавање на индивидуален работен спор

Сподели го ова:





























Со пожарникарите од Територијалната противпожарната едница на Битола потпишавме спогодба за решавање на индивидуален работен спор за исплата на разлика во плата за периодот од ноември 2022 заклучно со февруари 2025 година – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

“Со ова се избегнуваат судски спорови за овој период, а исплатата на средствата започнува веднаш. Во првиот мандат некаде од јануари 2022 година се видовме, се состанавме и бев запознат со проблемите и обврските кои што ги има општината многу нерешени во делот на исплатата на целото ваше побарување. За многу работи најдовме решение и за колективниот договор и останува ова последно, потпишување на овие спогодби. По сите основи, сите оние обврски кои што ги има општината, го прифативме и вештачењето за сето она што треба да ви се исплати, она што е одработено. Со оваа последна спогодба, меѓусебен наш договор ќе го решиме се она што остана да се исплати.

На оваа средба ги информирав и за тоа до каде е изградбата на новиот објект на противпожарната единица на Битола каде ќе добијат многу подобри услови за работа” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави