Чонески: Со особена гордост споделувам дека Општина Крушево е вклучена во престижната листа Top 100 Stories за 2025 година на Green Destinations
Општина Крушево е вклучена во престижната листа Top 100 Stories за 2025 година на Green Destinations, а веста ја потврди крушевскиот градоначалник Нико Чонески:
“Нашата приказна, насловена „Winds of Change: Krushevo’s Ascent to a Sustainable Adventure Tourism Destination“, е препознаена како пример за успешен развој на одржлив туризам.
Крушево, сместено на 1.250 метри надморска височина, претставува уникатна комбинација на авантура, природа и култура. Како една од водечките светски дестинации за параглајдинг, привлекуваме посетители од целиот свет, но истовремено нудиме многу повеќе – чист планински воздух, пријатни лета, богата традиција, автентична кујна и длабоко историско и духовно значење.
Во изминатите години, заедно со локалната заедница и приватниот сектор, вложуваме континуирани напори Крушево да стане целогодишна и одржлива туристичка дестинација. Работиме на унапредување на еко-свесни практики, заштита на природата и зачувување на нашето културно наследство.
Ова признание е потврда дека сме на вистинскиот пат, но и дополнителна мотивација да продолжиме уште посилно” – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.
Целата приказна можете да ја прочитате тука:


















