ВИДЕО: Во Индустриската зона ,,Металец” нови инвестиции и силен поттик за прилепската економија – започнаа градежните активности за целосно инфраструктурно уредување
Во Индустриската зона ,,Металец” започнаа градежните активности за целосно инфраструктурно уредување, чекор што значи развој, нови инвестиции и силен поттик за прилепската економија. Се реконструира и асфалтира патна мрежа во должина од 973 метри, со коловоз широк 7 метри, тротоари од по 2 метри од двете страни и современо улично осветлување.
Она што го ветивме во нашата програма, го реализираме! После многу години, конечно ја заокружуваме оваа индустриска зона во функционален и уреден простор. Со инвестиција од над 37 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп, испраќаме јасна порака, вложуваме таму каде што се создава вредност. Ова е директна поддршка за компаниите, нови работни места и силна локална економија. Прилеп се развива! – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















