Не пропуштајте! Утре вечер во Прилеп голем стенд-ап спектакл со Никола Тодороски

Премиера на ОПСТАНОК – најновото стендап комично шоу на Никола Тодороски на 31.03.2026 година во НУЦК Марко Цепенков, со почеток во 20 часот. Билети за стендап комедијата на Никола Тодороски во Прилеп може да си набавите во КАФЕТЕРИЈА во цветната улица во Прилеп. Цената на билетите изнесува само 350 денари за смеење до солзи!!
Незаменливиот стендап комичар Никола Тодороски пред една недела од Центарот за култура во Битола ја започна голема турнеја низ Македонија со неговото најново годинешно стендап шоу. Тодороски во Битола ја исполни големата сала во битолскиот Центар за култура каде битолчани се смееа на секои 5 секунди!! Се гледаме утре вечер во Прилеп во големата сала во НУЦК Марко Цепенков во 20 часот.


















