Уште еден успешно реализиран настан од Илија Ристески и Републичката комисија за спорт при УМС
Денеска во Прилеп, успешно се реализира регионалниот турнир во мал фудбал во Прилеп од страна на Комисијата за спорт на УМС и претседателот на комисијата Илија Ристески. Домаќини на турнирот беа УМС Прилеп, а учество земаа екипи од Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Долнени и Битола.
Во УМС се негуваат здравите и спортски навики. Честитки за учеството на сите екипи и нивниот фер-плеј!
Како велат: ,,важно е да се учествува”, но сепак секоја чест за победниците, како и на сите што придонесоа за добрата дружба и спортскиот дух.
УМС Прилеп – I место
УМС Кривогаштани – II место
УМС Долнени – III место