Да не се заборави! 120 години од смртта на големиот Ѓорѓи Сугарев
По повод 120 години од смртта на Ѓорѓи Сугарев, имаше традиционално одбележување, панихида и чествувања на неговиот гроб во близина на манастирот „Свети Великомаченик Георгиј“ кај селото Паралово, во организација на Општина Новаци.
Сугарев бил член на Окружниот комитет во Битола и делегат на Смилевскиот конгрес (1903), каде се носеа клучните одлуки за Илинденското востание.
Бил познат по својата строгост кон предавниците на „македонското дело“, за што сведочат записите дека не штедел ниту блиски роднини доколку згрешиле пред заклетвата.
Ѓорѓи Сугарев останува запаметен како еден од најхрабрите битолски војводи, чие дело е опеано од македонскиот народ.
Американскиот новинар Алберт Соренсен, во својата книга „Исповед на македонски четник“, го опишува Сугарев како еден од најхрабрите и најпосветените војводи на своето време.
Сугарев тесно соработувал со најистакнатите имиња на македонското револуционерно движење
Загинува кај месноста “Чукиарите”, во близина на селото Паралово, Мариово.


















