Со здрава храна – до детство без мана! Во ЈОУДГ “Наша Иднина”, Ротари клубот донираше 18 екстрактори за овошје и зеленчук и 180 килограми свежо овошје
По повод својот јубилеен 18ти роденден, Ротари клубот донираше 18 екстрактори за овошје и зеленчук и 180 килограми свежо овошје во ЈОУДГ Наша Иднина – Прилеп, со што директно придонесе за унапредување на здравите навики кај децата.

“Со радост ја споделуваме денешната донација која внесе дополнителна вредност во секојдневието на нашите деца. Денес направивме уште еден значаен чекор кон унапредување на здравите навики кај децата.
Оваа донација не е само материјална поддршка. Таа е порака за заедништво, хуманост и вложување во здрава и среќна иднина на нашите најмлади.
Изразуваме искрена благодарност до Ротари клубот за нивната посветеност и општествена одговорност. Ваквите партнерства се пример како заедно можеме да создадеме подобри услови за раст и развој на децата.
Продолжуваме заедно со дела што значат” – истакнаа од ЈОУДГ Наша Иднина-Прилеп.


















