На 31 март премиера и во Прилеп! Синоќа во Битола, Никола Тодороски ги смееше битолчани на секои 5 секунди

Незаменливиот стендап комичар Никола Тодороски синоќа од Центарот за култура во Битола ја започна голема турнеја низ Македонија со неговото најново годинешно стендап шоу. Тодороски синоќа во Битола ја исполни големата сала во битослкиот центар за култура каде битолчани се смееа на секои 5 секунди!!
Премиера на ОПСТАНОК – најновото стендап комично шоу на Никола Тодороски, на 31 март ќе се одржи и во Прилеп а премиерното шоу за Прилеп е закажано за на 31.03.2026 година во НУЦК Марко Цепенков со почеток во 20 часот. Билети за стендап комедијата на Никола Тодороски во Прилеп може да си набавите во КАФЕТЕРИЈА во цветната улица во Прилеп. Цената во претпродажба изнесува само 350 денари за смеење до солзи!!



















