Утре во Битола, заради реконструкција на водоводната мрежа без вода ќе останат следниве улици
Почитувани корисници,
Ве информираме дека во текот на утрешниот ден, (12.03.2026 четврток), поради реконструкција на водоводната мрежа на ул. Даме Груев (крак 3), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Булевар 1 Мај, на потегот од ул. Железничка до Сточен пазар, (од страната на Сточен пазар покрај течението на реката Драгор).

Прекинот ќе трае од 09:00 ч. до завршување со активностите околу реконструкцијата.
Ви благодариме за разбирањето – известуваат од ЈКП Водовод – Битола.


















