Проданоски: Извршените корекции се направени без никакви дополнителни финансиски средства од буџетот на Општината – истите се реализирани од страна на изведувачот, врз основа на нашите забелешки
Почитувани,
Извршените корекции се направени без никакви дополнителни финансиски средства од буџетот на Општината. Истите се реализирани од страна на изведувачот, врз основа на нашите забелешки и барањата на граѓаните.
Секој договор мора да се почитува, а обврска на изведувачот е да ги отстрани недостатоците кои ќе се појават по изведбата на работите!
Наш приоритет останува квалитетна инфраструктура и решавање на реалните потреби на граѓаните – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















