Проданоски повторно го оживеа паркинг просторот во подрумот на НУЦК „Марко Цепенков“

Сподели го ова:





























Подрумот на Центарот за култура „Марко Цепенков“, кој со години беше користен како паркинг простор, повторно е вратен во функција!

“Во заедничка координација со јавните претпријатија, просторот е целосно расчистен од хаварисани возила, смет и отпад и комплетно ќе го средиме и ставиме во функција. Со оваа акција се враќаат редот, хигиената и достоинството на институцијата, а градот добива уредена и функционална инфраструктура.

Создаваме подобри услови за работа и рационално, наменско користење на просторот, во време кога секое паркинг место во центарот на Прилеп е особено важно.

Грижата за институциите и за нашите сограѓани останува наш приоритет. Продолжуваме со конкретни чекори за почист, поуреден и пофункционален Прилеп” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави