Проданоски ги посети оние места каде што најмногу е потребно внимание, топол збор и искрена поддршка
Во пресрет на новогодишните празници, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски ги посети оние места каде што најмногу е потребно внимание, топол збор и искрена поддршка.
“Со најмалите пациенти на одделението за детски болести во Општата болница „Борка Талески“, како и нашите повозрасни сограѓани, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, споделивме празнична радост и им упативме порака дека не се сами, особено во најубавиот период од годината. Хуманоста, солидарноста и грижата за секој човек се темел на нашата заедница. Тоа е духот на Прилеп и наша трајна обврска” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















