Синоќа градоначалникот Најдовски го презентираше отчетот за сработеното и неговата втора кандидатура за градоначалник на Демир Хисар
Синоќа во Општина Демир Хисар пред граѓаните од оваа општина градоначалникот Никола Најдовски го презентираше својот отчет за сработеното, но и јасно ја претстави визијата за иднината на оваа општина.

Резултатите од изминатиот период се доказ дека со работа, одговорност и искрен пристап може да се постигнат реални промени.

Исто така синоќа освен отчетот беше промовирама кандидатурата на Никола Најдоски за градоначалник на Демир Хисар, кој е човек со искуство, енергија и визија кој како во претходните четири години, така и во наредните ќе продолжи да работи за развојот на општината. Исто така беше промовиран и Никола Дрангоски, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.


















