Во Прилеп, и оваа година ќе има принесување на фануропита во чест на св.Фануриј
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАЗНИКОТ НА СВ. МЧ. ФАНУРИЈ
Драги верници,
По повод празникот на Св. маченик Фануриј, во храмот св.Петка во Прилеп ќе се одржи следната богослужбена програма:
16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување на фануропити во чест на светецот
Вторник, 9-ти септември
07:00 часот – Божествена Литургија (фануропити ќе се принесуваат до 10:00 часот)
16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување и прережување на фануропити.
Св. Фануриј е голем Христов маченик и небесен застапник, познат по својата сила во помагањето на верните. Особено во преданието на Црквата се спомнува и неговата мајка, за која се молиме на секоја служба во негова чест.
Принесувањето и прережувањето на фануропитата е обележје на православната традиција – тоа се прави за здравје и спасение на оние кои принесуваат, како и за нивните семејства, со вера дека св. Фануриј ќе ги застапува пред Бога.
Ве повикуваме заедно да го прославиме овој светител, со благодарност и надеж во неговото моќно застапништво.
Со почит,
Храм „Св. Петка“ – Прилеп


















