Историскиот чин! На Илинден, прва литургија на македонски јазик во Србија
Утре, 2-ри Август на големиот христијански празник “Илинден” во Јабука крај Панчево – Србија, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе биде одржана првата литургија од македонски свештеник, и истата ќе биде на македонски јазик.
Литургијата ќе ја одржи јеромонах од манастирот Беркасово во Срем. Станува збор за Дионисиј Богев кој што има добиено благослов од надлежните епископи на Српската православна црква.