Битолскиот градоначалник Коњановски и денеска директно “очи во очи” со граѓаните за да ги реши нивните нови проблеми и барања
Денеска, битолскиот градоначалник Тони Коњановски неуморно ја продолжува својата агенда на директни средби со битолчани, каде што граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на нашата општина. На ваков начин Коњановски и денеска ќе се сретне директно “очи во очи” со граѓаните за да ги реши нивните нови проблеми и барања.

“Денес од 19:30 часот продолжуваме со средби со урбаните заедници.
Можност жителите директно да ги изнесат своите предлози и идеи.
Битола се гради заедно со граѓаните!”- порача Коњановски.


















