Погледнете! Рекорден број на учесници во Прилеп! Денеска прилепчани трчаа на најновото издание од “ЧЕ ТРЧАМЕ 2025”
Денеска, по втор пат во Прилеп, се одржа спортскиот настан под слоганот „ЧЕ трчаме!“
И СТАРО И МЛАДО – ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП СЕ СОБРАЛО! Да, токму така. Денешниот спортски – неделен ден, направи цел Прилеп да се собере во центарот на градот, и да ужива во денешната трка “Че трчаме”.

Голем број на прилепчани како и граѓани од повеќе градови од Пелагонија, денеска учествуваа на најновото издание од ЧЕ ТРЧАМЕ 2025″ – трка која и оваа година по ред ги соедини на едно место љубителите на спортот и трчањето.


















