“Народен Театар” – Битола новата сезона во септември ќе ја започне со одлична театарска програма
Месецот септември во Битола ќе донесе вистинска бура од емоции и незаборавни приказни!
Подгответе се за спектакуларна театарска сезона во битолскиот Народен театар. Овој месец, големата и новата сцена ќе ви донесат драмски класици, современи дела, детски претстави и комедии кои ќе ве насмеат до солзи.

Од 3 до 30 септември – ве очекуваат хит претстави како:
„Ричард III“ – Шекспировата моќ и интрига на голема сцена
„Едмонд“ – силна драма во режија на Оливер Мицевски
„Ако останеш дома“ – трогателна приказна за изборите и последиците
„Нокта кога ја убив месечината“ – мистерија и страст под театарските светла
„Чорбаџи Теодос“ и „Којзнае зошто?“ – хумор со македонски шмек
„Рибарски караници“ – вистинска комедија на големата сцена
„Црно семе“, „Жиголо“ и уште многу повеќе!
Билети online: https://narodenteatarbitola.com/


















