Запалено возило и стан во Битола! Битолските пожарникари интервенираа на лице место
Во текот на вчерашниот ден, ТППЕ-Битола добила повик за запалено возило на патот за Братиндол каде ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари.
Според информациите на битолската пожарна, од нивна страна во текот на вчерашниот ден примена е дојава во 20:10ч. за запален стан на ул.Батаљон Стив Наумов, каде интервенирале со 1 возило и 4 пожарникари.



















