Свадба која долго ќе се памети! Во македонски затвор стапија во брак двајца младенци

Сподели го ова:






























Во КПУ Затворот Струмица денес се реализираше значаен и хуман настан – законска регистрација на осудено лице кое моментално издржува казна затвор.

Овој чин беше спроведен под покровителство на директорот на установата, г. Зоран Ристов, и заменик-директорката, г-ѓа Наташа Лазарова Донева, во насока на почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност на сите лица, без исклучок.

Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација.

Овој настан е резултат на успешна координација помеѓу Затвор Струмица , стручните служби и релевантните институции, а претставува и јасен показател дека и во пенитенцијарниот систем постои ангажман за унапредување на хуманоста, инклузивноста и правичноста.




Сподели го ова:

Слични објави