Во битолскиот детски парк оштетените реквизити се повторно санирани и безбедни за употреба!
ЈП Комуналец по четврт пат оваа година, изврши санација на оштетените реквизити во детскиот парк. Во Битола, оштетените реквизити се повторно санирани, и истите се безбедни за употреба.

Ги известуваме родителите дека истите се безбедни за употреба а воедно апелираме до сите граѓани за поголема совесност и внимание со цел заштита на реквизитите од оштетување и вандализам – информираат од ЈКП Комуналец – Битола.



















