Денеска во Битола пристигнаа гости од целиот свет за да го проследат концертот на Armin Van Buuren

Сподели го ова:





























Денес кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren доаѓа во Македонија, во Битола на БИТ ФЕСТ. Музичкиот спектакл од светски ранг, ќе се одржи на Стадионот „Петар Милошевски“, со почеток од 21:00 часот, а вратите за посетители се отвораат во 20 часот.

За големиот концерт на ARMIN VAN BUREEN на Стадион ,,Петар Милошевски” очекувана e масовна посетеност како од сите градови низ Македонија, така и од сите соседи во регионот и Европа!

„Со целовечерна програма, која, покрај ARMIN VAN BUUREN ги вклучува и LAURA VAN DAM, CYRILLIC и SEMPRE, Битола за прв пат во својата историја добива настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди… а, земајќи ја предвид и природната убавина и атрактивност на градот Битола, повеќе од очигледно е дека оваа недела – СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО БИТОЛА!“. Настанот е во организација на Авалон продукција (Avalon international booking, а поддржан од Општина Битола!




Сподели го ова:

Слични објави