Ќе врие од народ! Утре, во црквата кај болницата во Прилеп со божествена литургија ќе биде одбележан празникот св. Козма и Дамјан

Сподели го ова:


























И оваа година, традиционално во црквата св. Пантелејмон која се наоѓа во кругот на болницата
во Прилеп, ќе биде одбележан утрешниот христијански празник посветен на св. Козма и Дамјан. Имено овој празник, е една – од двете слави кои ги има овој прекрасен црковен храм. По тој повод, се покануваат верниците да присуствуваат на утрешната Божествена литургија во црквата Св.Пантелејмон, која започнува утрото во 07 часот.

Се очекува голем број на прилепчани да присуствуваат на литургијата, каде за свое здравје и за здравјето на нивните најблиски, ќе се помолат на св.Пантелејмон, како и на св. Козма и Дамјан – светите бесребреници кои што ги празнуваме утре.




Сподели го ова:

Слични објави