Внимавајте! Од денес, започнува големиот топлотен бран низ Македонија
Од денеска под влијание на топла воздушна маса од југ, па се до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло. Како резултат на тоа, Институтот за јавно здравје излезе со препораки за заштита на повозрасните од ова топлото време.

“Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него. Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија” – нагласуваат од ИЈЗ.


















