Ако докторот на болница ви бара мито – пријавете кај Министерот за здравство
Ако доктор ви побара мито, не ви закаже операција, не ве прими на преглед или за вас нема терапија, анонимно и веднаш може да го пријавите кај Министерот.
Исто така, како што информира министерот Азир Алиу на брифинг со новинарите, од сега, неправилности во здравството ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство. Анонимно е, но граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или е-адреса, за да можат надлежните да ги контактираат доколку имаат некои прашања.

Предвидено е на крајот од секој месец, јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи има неправилности кои биле пријавени од страна на граѓаните.


















