Играше за шпанскиот Атлетико Ваљадолид, а сега ќе игра за РК Прилеп! Димитар Димитриоски официјално потпиша договор за игра во прилепскиот ракометен клуб
Со големо задоволство го претставуваме најновото име во редовите на РК ПРИЛЕП – Димитар Димитриоски!
Левото крило со интернационално искуство, кој последно настапуваше за шпанскиот Атлетико Ваљадолид, се враќа во Македонија и ќе биде важен дел од нашиот тим во новата сезона!
Станува збор за Димитар Димитриоски кој играше за шпанскиот Атлетико Ваљадолид, а сега ќе игра за РК Прилеп.



















