ЕХФ со конечна одлука -Алкалоид e шампион!
Европската ракометна федерација, донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје.
ЕХФ Судот за ракомет, ја донесе следната одлука:
Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во поени. Првиот меч заврши со 29-25 за РК Алкалоид. РК Алкалоид е победник на Европскиот куп на ЕХФ за сезоната 2024/25 – се нагласува во соопштението на ЕХФ.


















