Успешното менаџирање на директорката Бешлиевска со ЈП “Стрежево” носи позитивни резултати за ова Јавно Претпријатие

Сподели го ова:





























Јавното претпријатие “Стрежево” склучи Договор за користење на риби и други водени организми со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за период од 12 години.

Ја известуваме јавноста дека Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола склучи Договор со Владата односно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево” за период од 12 години. За разлика од претходно, се зголемува времетраењето од шест на дванаесет години и се однесува не само на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”, туку и на целото сливно подрачје од грчка граница до заштитната зона на самата акумулација. Според Новата риболовна основа има промени во однос на порибителниот материјал, како и количините и видовите со кои ќе се порибува. Со оглед на тоа дека сега е на дванаесет години се овозможува стабилно планирање на активности, долгорочно инвестициско одржување и поадекватна реализација на преземените права и обврски по Договорот.

Концесијата е особено значајна заради:

-Правилно управување, користење и заштита на водите и рибниот фонд;

-заштита на биoлошката разновидност (биодиверзитетот);

-поттикнување и развој на рекреативниот и спортски риболов; и

-заштитата на животната средина.

Во оваа прилика ги покануваме сите заинтересирани граѓани за рекреативен риболов од понеделник да си извадат дозволи за риболов во Управната зграда на “Стрежево”, а новост е што како нов член на Македонската риболовна федерација може преку нас да извадат државни дозволи и легитимации за риболов” -порача директорката Вера Бешлиевска.




Сподели го ова:

Слични објави