На Плоштадот Магнолија во Битола, концерт одржаа воените оркестри на АРМ и САД

Сподели го ова:





























Денес, на Плоштадот Магнолија, едночасовен концерт одржаа воените оркестри од армиите на Република Македонија и САД. Концертот се реализира пред вежбата „Immediate Response 25“ која ќе се одржи на Криволак, а посетителите имаа можност да проследат повеќе популарни џез нумери, шлагери и македонски фолк мелодии.

Во име на Општина Битола, воените оркестри ги поздрави заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојкоски.

Денешниот концерт е уште една потврда за силната соработка и пријателство помеѓу армиите, како и за нивната посветеност кон културното зближување и заедничките вредности.

Воените оркестри, преку својата изведба создаваат атмосфера на хармонија и разбирање, што е клучно за ефикасна меѓуармиска соработка и градење доверба меѓу сојузниците.




Сподели го ова:

Слични објави