Денеска во “прилепско Загорани” ќе врие од народ, по повод славата на манастирот св. Никола

Сподели го ова:





























Дека нашата библиска Македонија изобилува со бројни духовни светилишта, не е никаква тајна. Манастирот “Св.Никола” во с. Загорани е само еден бисер од ѓерданот верски објекти. Имено, токму овој манастир денеска ја прославува манастирката слава, а по повод денешниот голем ден, денеска во прилепско Загорани ќе врие од народ.

Имено, манастирот Св. Никола е оддалечен на само 500 метри над селото Загорани, а околу него прекрасната глетка и есенскиот пејзаж претставуваат вистински рај за очи. Она што е впечатливо, е тоа што околу манастирот – а и во неговите темели, се забележуваат остатоци од некое далечно дамнешно време, а според жителите на ова село, порано кај манастирот имало ранохристијанска базилика, а денешната манастирска црква била изградена точно на тие темели.




Сподели го ова:

Слични објави