Утре, Прилеп ќе пулсира во знакот на долго очекуваниот “1st Car Show Brotherhood”

Сподели го ова:





























Овој викенд во Прилеп ќе се одржи долго очекуваниот 1st Car Show Brotherhood. Настанот ќе се одржи во недела на 18-ти мај на паркингот од „Кам Маркет“ во близина на „Могилата на Непобедените“. Настанот официјално започнува од 15:00 часот и ќе трае се до 21:00 часот. Организаторите очекуваат околу 150 возила од цела Македонија, а најавени се гости и од Србија.

Влезот за сите посетители на настанот е бесплатен. На настанот ќе се доделат 50 пехари во 20 категории, а како главна награда ќе биде доделено Car Of The Show.

Подготвено е и мало изненадување за возило кое не може да се забележи на македонските улици секојдневно, а засега само ќе откриеме дека станува збор за брендот Lamborghini. За овој настан да биде успешно реализиран и збогатен со повеќе награди и наградни игри со доделување на ваучери се погрижија повеќе спонзори на кои организаторите од Автомобилскиот клуб Brotherhood oд Прилеп, искрено им се заблагодаруваат.




Сподели го ова:

Слични објави