Ќе бидат ли повторно изиграни граѓаните од страна на големите маркети во однос на цените на производите??
Во јавноста постојано се поставува прашањето дали дел од големите маркети повторно ќе ги зиграат граѓаните, и ќе ги зголемат цените на нивните производи на штета на џебот на народот. Премиерот Мицкоски нагласи дека доколку се утврдат зголемувања до крајот на месецов, тогаш ќе бидат преземени построги мерки кои ќе важат до крајот на годината.
Разговарав со министерот пред два дена и ми покажа бројки. Немам информација дека тоа се случува, но доколку се случи на крајот на месецот, автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови дека преку прокси-правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на „маркетинг и пи-ар услуги“, а со тоа практично ќе се плаќа маржата од минатото. Вознемирени сме од тоа што го слушаме и не е добро. На тој начин не можеме да градиме партнерски однос – нагласи премиерот Мицкоски.


















